Простор за жени кои сакаат посилно тело и помирен ум. Реформер, tower, barre и infra sculpt mat пилатес во Струмица – со стручно водство и внимание на секое движење.
Вежбаш на реформер со подвижна платформа и на tower рамка со вертикален отпор. Пружините и даваат отпор и те поддржуваат, па секое движење е контролирано. Ги зајакнува центарот, грбот, нозете и рацете, без да ги оптоварува зглобовите.
02
Barre пилатес
Пилатес и балетски движења покрај шипка, со топка и лесни тегови. Мали, прецизни движења со многу повторувања градат тонус, исправено држење и рамнотежа. Не ти треба искуство со танц.
03
Infra Sculpt Mat пилатес
Mat пилатес на подлога со инфрацрвена LED светлина. Додека изведуваш вежби за сила, стабилен центар и обликување на телото, светлината делува врз кожата и мускулите – без топлина и без дополнително потење. Час што те зајакнува, а те остава мирна и освежена.
04
Инфрацрвена рехабилитација
Сесија на подлога со инфрацрвена LED светлина, без вежбање. Лежиш удобно и се опушташ, а светлината делува врз телото. Светлосната терапија е нежен и неинвазивен метод кој се користи како поддршка на закрепнувањето на мускулите по тренинг и за релаксација – одличен додаток по час или во ден за одмор.
Силно тело. Мирен ум.
Секој час е прилагоден на твоето ниво – без разлика дали почнуваш, тренираш спорт или сакаш нежно, безбедно движење.
Посилни мускули преку контролирано движење
Обликувано тело, подобар тонус и стабилност
Исправено држење и јак центар на телото
Рамнотежа и мир – подвижност и помалку стрес преку дишење
Сертифициран пилатес инструктор
Ирина Манасиевска
Пилатес студио за сите припаднички на женскиот пол над 12 години – за почетнички, спортистки и постари жени. Индивидуален пристап, правилна техника и атмосфера во која се чувствуваш добредојдена.